2 Летописи 20:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Сите Јудејци стоеја пред Господа, со малите деца, со жените и со синовите.

14. Тогаш Господовиот Дух слезе сред соборот - на Јазил, синот Захариев, син на Венај, син на Јеил, син на Матаниј - Левит од Асафовите синови.

15. Тој рече: „Слушајте, сите Јудејци, Ерусалимци и ти цару Јосафате! Господ ви зборува вака: ‘Не бојте се и не плашете се од тоа големо мноштво, зашто ова не е ваша војна, туку Божја.

16. Утре слезете против нив; тие ќе се искачуваат по Асиската Нагорница, а вие ќе ги сретнете на крајот на долината кон Јеруилската Пустина.

2 Летописи 20