1 Тимотеј 2:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. за кое јас бев поставен за проповедник и апостол - вистина велам, не лажам - за учител на народите во верата и вистината.

8. И така, сакам мажите да се молат на секое место, подигајќи ги светите раце без гнев и препирка.

9. Исто така и жените да се украсуваат во пристојна облека, скромно и претпазливо, не со плетенки и злато, или со бисери или со скапоцени облеки,

10. туку со добри дела, како што им прилега на жените, кои исповедуваат дека се побожни.

11. Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!

1 Тимотеј 2