1 Петар 4:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. тие ќе Му дадат сметка на Оној, Кој е готов да им суди на живите и мртвите.

6. Имено, затоа им е проповедано Евангелието и на оние кои се сега мртви, за тогаш да беа судени по човечки во телото, а со духот сега да живеат според Бога.

7. А крајот на сè е близу. И така, бидете разумни и бдејте во молитвите.

8. Пред сè имајте постојана љубов меѓу себе, зашто љубовта покрива многу гревови.

9. Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување.

10. Бидејќи секој од вас добил дар, служете си со него еден на друг, како добри домоуправители на многукратната Божја благодат.

1 Петар 4