1 Петар 2:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Зашто тоа е благодат, кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога.

20. Имено, каква е пофалбата ако трпите, кога ве казнуваат за вашите престапи? Но, ако страдате и трпите, кога правите добро, тоа е благодат од Бога.

21. Зашто за тоа сте повикани, зашто и Христос страдаше за вас и ви остави пример, за да врвите по Неговите стапки.

22. Тој не направи грев и не се најде измама во Неговата уста.

1 Петар 2