1 Петар 2:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!

18. Слуги, покорувајте им се на своите господари со целосен страв, но не само на добрите и кротките, туку и на суровите!

19. Зашто тоа е благодат, кога некој страда несправедливо и поднесува маки, заради сознанието за Бога.

20. Имено, каква е пофалбата ако трпите, кога ве казнуваат за вашите престапи? Но, ако страдате и трпите, кога правите добро, тоа е благодат од Бога.

21. Зашто за тоа сте повикани, зашто и Христос страдаше за вас и ви остави пример, за да врвите по Неговите стапки.

1 Петар 2