1 Летописи 23:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Каатови синови: Амрам, Исар, Еврон и Озил, четворица.

13. Амрамови синови: Арон и Мојсеј. Арон беше одреден да ја осветува Светината над светините; тој и неговите синови довека, да кадат пред Господа, да Му служат и да благословуваат во Негово Име довека.

14. Мојсеј беше Божји човек. Неговите синови се вбројуваат во Левиевото племе.

15. Мојсееви синови се: Гирсом и Елиезер.

16. Гирсомови синови: главатарот Севуил.

1 Летописи 23