1 Летописи 19:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Другата војска му ја предаде на братот Ависај, за да ја подреди спрема Амонците.

12. И му рече: „Ако Арамејците бидат појаки од мене, тогаш ти прискочи ми на помош; ако Амонците бидат појаки од тебе, јас ќе поитам кај тебе на помош.

13. Биди храбар и да се држиме јуначки заради народот и заради градовите на нашиот Бог; а Господ нека направи што Му е угодно.”

14. Тогаш Јоав и војската која беше со него почнаа да се доближуваат за да удрат на Арамејците, но тие избегаа пред нив.

15. Кога Амонците видоа дека Арамејците избегаа, избегаа и тие пред неговиот брат Ависај и се повлекоа в град. Тогаш Јоав се врати во Ерусалим.

1 Летописи 19