1 Летописи 17:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Натан му ги пренесе на Давида сите тие зборови и целото видение.

16. Тогаш Давид дојде и застана пред Господа и рече: „Кој сум јас, о Боже Господи, и што е мојот дом та ме доведе дотука?

17. Па и тоа беше премалку во Твоите очи, о Боже, туку му даде ветување на домот на Својот слуга и за далечната иднина, и погледна на мене како што се гледа на угледен човек, о Боже Господи!

1 Летописи 17