1 Летописи 16:23-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Пеј Му на Господа, цела Земјо! Проповедајте го од ден на ден Неговото спасение!

24. Кажувајте им ја на незнабошците Неговата слава, на сите народи Неговите чудеса.

25. Велик е Господ, предостоен за фалба, пострашен од сите богови.

26. Ништожни се сите богови на народите. Господ ги создаде небесата.

27. Славата и величеството се пред Него, силата и радоста во Неговото Светилиште.

1 Летописи 16