1 Летописи 15:20-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. А Захариј, Азил, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Масиј и Венаја во псалтири со високи звуци;

21. а Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Елиј и Азазиј во гуслиња, во осминска придружба.

22. Хенаниј, кнезот на оние левити кои го носеа Ковчегот, управуваше со пренесувањето, зашто беше вешт.

23. Варахиј и Елкана беа вратари кај Ковчегот.

24. Севаниј, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захариј, Венаја и Елиезер, свештеници, трубеа во труби пред Божјиот Ковчег; Овид-Едом и Ехиј беа вратари кај Ковчегот.

25. Така Давид со израелските старешини и со илјадниците одеше радосно пренесувајќи го горе Ковчегот на Господовиот Завет од Овид-Едомовата куќа.

26. Кога Бог им помогна на левитите кои го носеа Ковчегот на Господовиот Завет, жртвуваа седум јунци и седум овни.

27. Давид беше наметнат со плашт од тенко платно, а исто така и сите левити кои го носеа Ковчегот, и пејачите и Хенаниј кој управуваше со носачите среде пејачите. Давид имаше ленен наплеќник врз себе.

1 Летописи 15