1 Летописи 13:6-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Давид со сиот Израел тргна во Вал, во Киријат-Јарим, што е во Јуда, за да го пренесат оттаму Божјиот Ковчег наречен со името на Господа, кој престолува над херувимите.

7. Го изнесоа Божјиот Ковчег на нова кола од Авинадавовата куќа; а Уза и Ахиј управуваа со колата.

8. Давид и сиот Израел играа пред Господа со сета сила пеејќи наспоредно со звуци на гуслиња, псалтири, тапанчиња, на кимвали и на труби.

1 Летописи 13