1 Летописи 12:38-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. Сите тие војници, подредени во бојни редови, дојдоа со чесно срце во Хеврон за да го зацарат Давида над сиот Израел; и сите други Израелци беа еднодушни за да го постават Давида за цар.

39. Поминаа три дни со Давида, јадејќи и пиејќи. Браќата подготвија сè за нив.

40. Нивните најблиски соседи, сè до Исахар, Завулон и Нефталим, донесуваа храна на ослиците, на камилите и на мазгите, а со воловите јадења: брашно, смоквени низаници, суво грозје, вино, масло, крупен и ситен добиток изобилно, зашто беше веселба во Израел.

1 Летописи 12