20. Ависеј, братот Јоавов, беше началник над триесетмина; тој замавнуваше со копје против триста, ги погуби и се прослави меѓу тројцата.
21. Беше меѓу тројцата повиден од другите двајца, и им беше началник, ама не ги достигна првите тројца.
22. Венај син Јодаев, јунак од Кавсеил, богат со јуначки дела, ги уби двата сина на Ариел од Моав; тој во еден снежен ден слезе и уби лав сред јама.
23. Уби и некој Египетец, човек од пет лакти. Египетецот во раката имаше копје како ткајачко вратило, а тој излезе пред него со стап и, откако му го истрга на Египетецот копјето од раката, го уби со неговото копје.