1 Коринќаните 12:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. на друг да прави чуда, на друг да пророкува, на друг да ги разликува духовите, на друг разни јазици, а на друг да ги толкува јазиците.

11. А сè тоа го прави еден и ист Дух, Кој разделува секому, како што сака.

12. Зашто, како што е телото едно, а има многу членови, и сите членови на телото, иако се многу, едно тело се, така е и Христос:

13. зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело - било Јудејци, или Грци, било робови, или слободни. И сите сме напоени во еден Дух.

14. Зашто телото не се состои од еден член, туку од многу.

15. Ако ногата рече: „Бидејќи не сум рака, не му припаѓам на телото,” тоа не ја прави да не е од телото.

1 Коринќаните 12